Трагична вест утрово ја потресе македонската фудбалска јавност, откако беше потврдено дека фудбалерот на Тетекс, Даниел Николовски, го загубил животот во сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила во текот на ноќта, а младиот Николовски имаше само 21 година.
Николовски беше дел од фудбалското семејство на Тетекс уште од најмладите категории и ги помина сите младински селекции на клубот. Потоа, својата кариера ја продолжи во сениорскиот тим, каде што беше дел од екипата и важеше за фудбалер посветен на клубот. Минатата сезона Николовски го носеше и дресот на хрватскиот клуб Витез.










