Голема, огромна врева се крена околу одлуката на играчот на Унион Берлин, Рани Кедира да се стави крај на репрезентативната кариера. Поточно да престане да игра за селекцијата на Тунис.
Ова и тоа како ги разбранува духовите во оваа земја, од проста причина што тој на 32. годишна возраст и дебитираше за државата од која потекнува. А во суштина, тој во младинските категории настапуваше за Германија, но никогаш не дочека повик за „Елф“.
Па така, „по стари години“ што вели се реши за репрезентацијата на Тунис, и тоа имтересено баш пред настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. А откако тој заврши и Кедира одигра само шест мечеви во националниот дрес, се одлучи да се откаже од истиот и да се сконцентрира на клупската кариера.
Конечно, во Тунис откако дознаа дека се измамени и дека целта на Кедира била само да настапи на Мундијалот и ништо повеќе решија ама буквално да го „распнат“ во медиумите.
„Предавник“, „преварант“ и што ли уште се напиша во јавноста во Тунис. Кедира инаку е помладиот брат на далеку поуспешниот Сами Кедира, инаку репрезентативец на Германија своевремено.










