ВМФЛ: “Лавовите“ го дочекуваат Камјани, Детонит на тешко гостување кај Новаци

47

Денеска со мечот во Ѓорче каде домашната Македонија ЃП игра со Камјани, стартува 5.коло во ВМФЛ. Имено сите останати мечеви од ова коло се играат утре, не се игра само мечот Работнички – Брера кој е одложен поради настапот на струмичани во младинската Лига на Шампиони.

Иако млад тим сепак под водство на Боби Стојковски, Македонија ЃП игра добро а Камјани пак изненади со своите добри настапи и резултати иако е дебитант.

Детонит утре го чека тешко гостување кај Новаци, Пелистер не би требало да има има проблеми на Чаир додека мечот Беласица – Тетекс се игра од 19 часот под рефлектори. Се среќаваат и Охрид – Еуромилк и Осогово – Кожув.

ДВОЈКИ ЗА 5.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

Македонија ЃП – Камјани

УТРЕ – (16 Ч)

Шкупи – Пелистер

Охрид – Еуромилк

Осогово – Кожув

Новаци – Детонит

Беласица – Тетекс (19 Ч)

Работнички – Брера (одложено)

ТАБЕЛА

Брера 10, Охрид (-1) 9, Пелистер 8, Беласица 8, Детонит (-1) 7, Камјани 7, Работнички (-1) 6, Македонија ЃП 4, Тетекс (-1) 4, Кожув 4, Еуромилк 3, Осогово 1, Новаци 1, Шкупи 0

ПретходноПоложани за ремито со Арсими: Многу лесно примаме голови
СледноИњаки Вилијамс повеќе нема да игра за Гана