Крадците што го претепаа Донарума добија затворски казни

57
ФОТО: FC PSG/FB

Двајцата крадци кои пред три години провалија во станот на италијанскиот фудбалски голман Џанлуиџи Донарума во Париз седобија затворски казни.
Главниот организатор на криминалниот чин, Илијас Хербух, доби безусловна затворска казна од девет години и парична казна од 80.000 евра. Парискиот суд го осуди неговиот соучесник Моктар Д. на петгодишна затворска казна, објави АФП. Третиот осомничен за организирање на кражбата, Кјан М., беше ослободен од обвинението. Инцидентот се случил на Авенијата Монтењ, една од најлуксузните улици во Париз. Донарума, кој во тоа време го носеше дресот на Пари Сен Жермен, и неговата бремена партнерка Алесија Елефанте спиеле во тој момент. Крадците ги претепале двајцата, ги врзале и им се заканувале со нож. Донарума моментално игра за Манчестер Сити, а Елефанте сега му е сопруга.

ПретходноПелистер со триумф против Мулти Есенс
СледноМоже не е Гроф ама затоа му одржа лекција на познатиот тренер