Очајниот Тотенхем не знае што е гол, а победа е само “научна фантастика“!

53
ФОТО:.facebook.com/TottenhamHotspur

Фудбалерите на Тотенхем и Евертон ремизираа без голови во Лондон, во средбата од четвртото коло на англиската Премиер лига.
На овој начин, продолжи „одењето по трње“ на многу засилениот Тотенхем, кој сепак не постигна гол во првенството, а вечерва го зеде само вториот бод во сезоната. Навистина очајно, а притисокот со кој сега ќе се соочи менаџерот Роберто Де Зерби ќе биде на работ на „пукање“.
Од друга страна, Евертон го освои својот шести бод, но тој е оној кој може да се покае за пропуштените шанси во второто полувреме. Првото полувреме беше за заборав, Тотенхем постојано напаѓаше залудно, а во второто беше слична приказна од домашната страна, но и сериозни можности за „карамелите“.
Во 50-тата минута, Бери беше многу блиску до постигнување гол, тој со глава ја погоди топката од шеснаесетникот, по центаршутот на Џорџ од левата страна, но голманот Кински интервенираше брилијантно. Кински речиси стана трагедија во 65-тата минута. Неиспровоциран, тој направи ужасна грешка и му ја додаде топката на Дјусбери-Хол, кој шутираше од идеална позиција, но чешкиот голман се поправи. Во 75-тата минута се виде брзата транзиција на Евертон, Бренан Џонсон се најде во одлична можност, но шутираше над голот. Спарс немаа решение во финишот од своите акции, скапо платените Савињо и Омар Мармуш не направија разлика, Де Зерби се обиде да сврти нешто со внесување на Кудус, Тел, Медисон и Бергвал, но ништо не му помогна, па голот останува „ментална именка“ за неговиот тим.
Сепак, треба да се истакне обидот на Бергвал од далечина во 90-тата минута. Пикфорд ја одбрани, но големото прашање е дали таа топка влезе во голманскиот простор.

ПретходноЛудо дерби на “Олимпико“: Лацио имаше 2:0 против Милан, ама нема “четири од четири“ за Гатузо
СледноСе повреди Фарахан: МЗТ Скопје во пријателски меч ја победи Бора