Тунис бесен на репрезентативецот…. ти си обичен измамник….

85

Голема, огромна врева се крена околу одлуката на играчот на Унион Берлин, Рани Кедира да се стави крај на репрезентативната кариера. Поточно да престане да игра за селекцијата на Тунис.

Ова и тоа како ги разбранува духовите во оваа земја, од проста причина што тој на 32. годишна возраст и дебитираше за државата од која потекнува. А во суштина, тој во младинските категории настапуваше за Германија, но никогаш не дочека повик за „Елф“.

Па така, „по стари години“ што вели се реши за репрезентацијата на Тунис, и тоа имтересено баш пред настапот на Мундијалот во САД, Мексико и Канада. А откако тој заврши и Кедира одигра само шест мечеви во националниот дрес, се одлучи да се откаже од истиот и да се сконцентрира на клупската кариера.

Конечно, во Тунис откако дознаа дека се измамени и дека целта на Кедира била само да настапи на Мундијалот и ништо повеќе решија ама буквално да го „распнат“ во медиумите.

„Предавник“, „преварант“ и што ли уште се напиша во јавноста во Тунис. Кедира инаку е помладиот брат на далеку поуспешниот Сами Кедира, инаку репрезентативец на Германија своевремено.

 

ПретходноСантандер со домашна победа над Алавес
СледноКумановски ужас во најава за шампионот: Башкими води против Вардар на полувреме