Победа за “македонската“ Олимпија во Словенија. Во дербито во елитната лига во таа земја, Олимпија како гостин кај Копер славеше со 1:3 за нова победа, за нови три бода за тимот предводен од Југослав Тренчовски како тренер и Димитар Митровски како играч.
И токму Митровски беше факторот за победата.Прво во 52.минута му асистираше на Цуни за 0:1, а само две минути Македонецот стрела за 0:2. До крајот на мечот имаше уште по еден гол на двете страни за конечни 1:3.
Со оваа екстра важна победа во дербито на Словенија, Тренчовски како тренер на Олимпија и тоа како фати добра серија, па сега 14 бодови е трет, два помалкуод лидерот Марибор.










