Арсенал на тројца свои клучни играчи им ги продолжува договорите

59
Фото: Арсенал Х

Во Арсенал нема време за одмор, а спортскиот директор Андреа Берта започна преговори во врска со обновување на договорите на клучните играчи. Англиските медиуми објавија дека Арсенал сака да им понуди нови договори на Јуриен Тимбер, Деклан Рајс и Мартин Одегард.
Тие се меѓу незаменливите играчи во тимот на Микел Артета, имаат договори до летото 2028 година, па Андреа Берта сака навреме да ја обезбеди нивната иднина на „Емирати“. Рајс е најскапото засилување на Арсенал, тој пристигна од Вест Хем во летото 2023 година за 116.000.000 евра и го плати секој цент. Истото важи и за Тимбер и Одегард, кои се клучни играчи во системот на Микел Артета.
Арсенал ја освои титулата со нив минатата сезона, за која чекаше 22 години, а оваа сезона ќе биде во трка за сите можни трофеи.

ПретходноТотенхем руши анти-рекорди: Четири меча без постигнат гол, само Кристaл Палас бил полош
СледноМеси го постигна 19. гол во МЛС и се искачи на врвот на листата на стрелци (ВИДЕО)