Црвена Звезда има нов Македонец покрај Матеј Гаштаров. Вакви се најавите во медиумите кај нашиот северен сосед кои најавуваат блескава иднина на супер-талентот Лука Трпевски кој веќе е најдобриот фудбалер во кадетската екипа на „црвено-белите“. Она што е интересно е тоа дека денеска малиот Трпески кој има 16 години дебитираше за младинците на тимот од „Маракана“. Иако неговиот тим загуби со 3:1 на гости кај ТСЦ вледи да се напомене неговото деби од соништата и маетсралниот гол од 40 метри.
Сето ова се случува на крајот од неделата во која Лука Трпевски и неговите родители добија понуда од Србија за добивање на пасош од оваа земја, а со тоа и право на младиот фудбалер да игра за репрезентацијата на нашиот северен сосед. Тој веќе има настапи и тоа официјални за Македонија и тоа во репрезентацијата до 17 години, а има и неофицијални натпревари за Шведска.
Талентот на малиот Лука Трпевски е неспорен и тој во летните месеци беше дел од Црвена Звезда со сениорите на подготовките во Златибор иако има смао 16 години.










