Сега е официјално: Земун го претстави Ѓорѓи Мојсов (ФОТО)

89

Она што беше најавено пред неколку дена, од денеска е и официјално. Ѓорѓи Мојсов е нов тренер на Земун, клуб од елитната лига во Србија. Македонецот своето деби како предводник на овој тим ќе го има утре и тоа против составот на Радник Сурдулица.No description available.

Од раководството на клубот не го кријат своето задоволство по ангажирањето на Мојсов за нов тренер, и дека од него се очекува да се поправат резултатите кои беа лоши по првите кола во новата сезона во Суперлигата на Србија.

Некогашниот стратег на Тиквеш, со кој го освои Купот на Македонија во 2024 година и за првпат го однесе кавадаречкиот клуб во Европа, беше и помошник на Горан Станиќ во У-21 селекцијата, е пред голем предизвик. За првпат како тренер работи надвор од Македонија.

ПретходноДарко Соколов не застанува: Ја почнува 25. професионална сезона!
СледноТрпевски даде гол од 40 метри, Србија во офанзива да игра за нив (ВИДЕО)