Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун

111

Земун – Радник 1:1 вечерва во меч од 9.коло во Суперлигата на Србија. За нас сосема безначајно, се до оној момент ако се присетиме дека на клупата на Земун од пред неколку дена е нашиот стратег Ѓорѓи Мојсов. Што значи дека македонскиот стратег со реми дебитираше како шеф на струката на тој тим.

Секако дека на екс стратегот на Тиквеш и тоа како ќе му биде тешко. Ова е само втор бод за тимот на Земун кој се наоаѓа на последното место на табелата, пред него е само Партизан, но Мојсов е донесен како спасител и тој посочи дека ќе стори се да му помогне на Земун во наредниот период.

Ова реми и не е така лошо ако се знае дека Радник се наоѓа на петтата позиција на табелата.

Претходно„Четири од четири“ за римјаните: Рома си гази, ама и Комо победнички против Парма
СледноБаерн Минхен со специјална честитка до Зверев за освојувањето на УС Опен!(ФОТО)