Скандалозно: Даниел Малдини – возел дрогиран и пијан, исфрлен е од репрезентацијата, а допрва го чекаат санкции!

965
ФОТО:printscreen

Пред два дена, Даниел Малдини го постигна победничкиот гол за Каљари против Аталанта, а вчера заврши во болница. Меѓутоа, тогаш не се знаеше за вистинската причина за сообраќајната несреќа што се случи, но сега филмот полека се развива.
Даниел Малдини бил позитивен на алкохол, како и на дрога, а самиот е виновен за инцидентот во кој учествувале шест лица. На два теста за алкохол, тој имал 0,91 мг/л и 0,89 мг/л, соодветно. Исто така, бил позитивен на недозволени супстанции.
Во италијанските медиуми веќе се зборува за фактот дека Малдини ќе биде отстранет од списокот на италијанската репрезентација, каде што беше планирано да биде, а Каљари дополнително ќе го казни, ќе видиме на кој начин.

ПретходноОдбојкарите ја имаат најголемата и најискрената поддршка (ФОТО)
СледноОфицијално: Штип УГД ќе дебитира во Лигата на шампионите во новата сала „Џексон“