Одбојкарите ја имаат најголемата и најискрената поддршка (ФОТО)

97

Македонската машка одбојкарска репрезентација запиша три порази во исто толку одиграни мечеви на Европското првенство. Нашите момци немаа среќа, имаат голем предизвик на овој шампионат.

Денеска одбојкарите се слободни, а утре ги чека нов натпревар, против Португалија која на дуелот со Македонија ќе влезе исцрпена со оглед на тоа дека имаше тежок меч против Израел, а веќе денеска игра против Украина. Но, тоа е нивни проблем.

Од Софија доаѓаат интересни фотографии. На трибините македонските репрезентативци ја имаат најискрената поддршка – од најмилитие.

Во Софија е и раководството на Одбојкарската федерација на Македонија.

 

Фото: ОФМ/Вангел Тануровски

ПретходноСпецијална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта!(ФОТО)
СледноСкандалозно: Даниел Малдини – возел дрогиран и пијан, исфрлен е од репрезентацијата, а допрва го чекаат санкции!