Жозе не сакаше да коментира за изјавата на Јамал за “Златната топка“: „Сите знаеме кој е најдобар“!

116
ФОТО:printscreen

Како што се наближува денот кога ќе се знае освојувачот, битката за „Златната топка“ во 2026 година станува сè пожестока, а во центарот на вниманието во последните денови е Ламин Јамал, кој изјави дека смета дека ја заслужува најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот пред Килијан Мбапе. Сепак, кога Жозе Мурињо беше прашан за ова, реакцијата на португалскиот стручњак беше многу кратка и јасна.
На прес-конференцијата пред утрешниот меч со Елче, новинарите го замолија Мурињо да ги коментира зборовите на Јамал и неговата кандидатура за “Златната топка“.
Португалецот не сакаше да влегува во контроверзии.
„Го почитувам, но не коментирам за тоа“, рече Мурињо и веднаш ја заврши темата.

Мурињо веќе го има својот фаворит. Според него, Килијан Мбапе е најдобар.
Иако не сакаше да зборува за Јамал, Мурињо јавно неколку пати во последните неколку дена изјави дека Килијан Мбапе треба да ја освои “Златната топка“.
Според него, тоа е индивидуална награда која не треба да зависи само од освојувањето на тимски трофеи, туку од тоа кој бил најдобар фудбалер во светот во текот на годината.
Ламин Јамал пред натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите изјави дека се гледа себеси и Мбапе како двајца од најдобрите играчи во светот, но верува дека оваа година ја заслужил “Златната топка“ поради сезоната во која ја освои Ла Лига и Светското првенство со Шпанија.

ПретходноБаерн Минхен со специјална честитка до Зверев за освојувањето на УС Опен!(ФОТО)
СледноЛегендарниот Џејмс Милнер се врати во Ливерпул