Македонскиот репрезентативец и интернационалец во редовите на Борац Бања Лука повторно е во центарот на вниманието. По викенд победата против тимот на Зрињски во кој Херера беше стрелец на единствениот гол, нормално е левиот бек денеска и да не најде во најдобрите единаесет за изминатото коло.
Херера веќе извесен период игра во одлична форма, што му го даде и статусот на репрезенативец на Македонија.
Беше стрелец и асистент и на интернационална сцена во дуелите со тимот на Винкинкур.
Тој секако е на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните предизвици во Лигата на Нациите.











