Македонската машка одбојкарска репрезентација запиша три порази во исто толку одиграни мечеви на Европското првенство. Нашите момци немаа среќа, имаат голем предизвик на овој шампионат.
Денеска одбојкарите се слободни, а утре ги чека нов натпревар, против Португалија која на дуелот со Македонија ќе влезе исцрпена со оглед на тоа дека имаше тежок меч против Израел, а веќе денеска игра против Украина. Но, тоа е нивни проблем.
Од Софија доаѓаат интересни фотографии. На трибините македонските репрезентативци ја имаат најискрената поддршка – од најмилитие.
Во Софија е и раководството на Одбојкарската федерација на Македонија.
Фото: ОФМ/Вангел Тануровски










