Официјално: Штип УГД ќе дебитира во Лигата на шампионите во новата сала „Џексон“

30

Реванш-натпреварот на одбојкарскиот шампион на Македонија, Штип УГД против холандскиот Орион Старс Детинхем официјално ќе се игра во спортската сала „Џексон“ во Штип.

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) го потврди терминот и местото на одигрување на натпреварот, кој е закажан за 28 октомври со почеток во 18 часот.

Така, штипските одбојкари ќе имаат можност решавачкиот натпревар од двомечот со холандскиот претставник да го одиграат пред домашната публика, во салата „Џексон“.

За Штип ова е значајна вест, бидејќи домашниот терен и поддршката од трибините ќе бидат дополнителен мотив во обидот да се стигне до позитивен резултат против искусниот холандски состав.

Првиот меч од ова квалификациско коло во најсилното натпреварување во Европа ќе се одигра една недела претходно во Холандија на 21 октомври.

ПретходноСкандалозно: Даниел Малдини – возел дрогиран и пијан, исфрлен е од репрезентацијата, а допрва го чекаат санкции!
СледноНов гол, нова победа и одново во тимот на колото за Херера