Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта!(ФОТО)

20

Нашиот национален тим се враќа од Европското првенство во пливање на Специјална Олимпијада Малта 2026 со бројни медали и резултати за гордост!

Матеј Аларов – златен медал на 50 м пливање во слободен стил

бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

Јулијана Петровска – сребрен медал на 50 м пливање во слободен стил

бронзен медал – 50 м грбно пливање

бронзен медал – 50 м пливање во слободен стил

Стефан Трпковски – бронзен медал на 50 м грбно пливање

бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

Јана Кацарска – бронзен медал – штафета 4 × 50 м пливање во слободен стил

Посебно значаен момент е историскиот настап во штафетата 4 × 50 м пливање во слободен стил. За првпат националниот тим настапи во штафетна дисциплина и веднаш се закити со бронзен медал!

Зад овие резултати стојат месеци тренинзи, посветеност, дисциплина и многу работа. Но, пред сè, стојат четворица атлети кои во Малта покажаа храброст, истрајност и желба да дадат сè од себе.

Честитки до Матеј, Јулијана, Стефан и Јана!

Ова е успех на целиот тим и момент на кој сите можеме да бидеме горди.

ПретходноКапитенот е повторно во строј: Ќе мора да играме „луда“ одбрана, тоа ќе не однесе кон осминафинале!
СледноОдбојкарите ја имаат најголемата и најискрената поддршка (ФОТО)