Крај на сагата: Каваи се врати во Торонто

31
фото: EssentiallySports @ES_sportsnews (X)

По повеќемесечна неизвесност, Каваи Ленард и официјално повторно е играч на Торонто Репторс. Со тоа заврши една од најдолгите трансфер-саги во НБА, која со месеци го привлекуваше вниманието на американската и светската кошаркарска јавност.

Ленард се враќа во клубот со кој во 2019 година ја освои шампионската титула и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во финалето. Неговото враќање во Торонто претставува голем пресврт, особено ако се има предвид дека во изминатиот период иднината на искусниот крилен играч беше предмет на бројни шпекулации.

Случајот дополнително се искомплицира поради спорниот договор поврзан со таканаречената „no-show job“ афера, односно ангажман за кој НБА утврди дека претставува заобиколување на правилата на лигата. Случајот предизвика истрага и санкции, а реализацијата на договорот беше одложена.

Ленард, кој во последните години настапуваше за Лос Анџелес Клиперс, во Торонто повторно ќе има задача да биде една од централните фигури на тимот.

ПретходноСавовски пред Португалија: Искрено верувам и очекувам победа!
СледноРодри: Одиме на трофеј во ЛШ, но не се сметаме за фаворити