Ова е листата на ТОП 10 кошаркари со најголема плата во Евролигата

358

Евролигата наскоро започнува, Олимпијакос ја брани титулата, а другите 19 клуба сакаат да го симнат од тронот. Пред почетокот на новата сезона беше објавена листата на најплатени играчи.
Слична е како и минатата сезона, иако има некои нови имиња, особено кога станува збор за тимот на Панатинаикос предводен од Жељко Обрадовиќ. Грчкиот тим има дури четири играчи меѓу десетте кои заработуваат најмногу. Василије Мициќ е сè уште на врвот, добивајќи 5,6 милиони евра по сезона во Хапоел Тел Авив, додека зад него се Најџел Хејс Дејвис (5 милиони евра по сезона) и Кендрик Нан (4,5).
Вака изгледа листата на 10-те најплатени играчи во Евролигата според информациите од порталот „BasketNews“:
Василије Мициќ (Хапоел Тел Авив) – 5,6 милиони евра
Најџел Хејс Дејвис (Панатинаикос) – 5 милиони евра
Кендрик Нан (Панатинаикос) – 4,5 милиони евра
Гершон Јабусуле (Панатинаикос) 4 милиони евра
Саша Везенков (Олимпијакос) – 3,7 милиони евра
Елија Брајант (Хапоел Тел Авив) – помеѓу 3 и 4,3 милиони евра
Силван Франциско (Панатинаикос) – 3 милиони евра
Мфонду Кабенгеле (Дубаи) – 3 милиони евра
Еди Таварес (Реал Мадрид) – 3 милиони евра
Мајк Џејмс (Ефес) – 2,9 милиони евра

ПретходноПознати се сите детали за „Трофеј Македонија“!
СледноИ Чоло Симеоне се јави: Меси треба да ја добие „Златната топка“!