Финалето од Лигата на Европа во 2029 година ќе се одржи во Белград

81

Со одлука на Извршниот комитет на УЕФА, е одлучено, финалето од Лигата на Европа во 2029 година да се одржи во Белград, на националниот стадион кој што сеуште е во градба во моментов.

Ова го пренесе Фудбалскиот Сојуз на Србија во која што информација секако се вели дека ова за нашиот сосед е огромно задоволство, привилегија но секако и одговорност да се организира таков настан.

Се додава, дека Белград е избран од неколку сериозни кандидатури, и дека од страна на УЕФА е доделена огромна чест.

Досега на просторите на екс Југославија единствен ваков сериозен настан беше Супер купот во 2017 на кој што Скопје и Македонија беа домаќини, а на кој што учевствуваа екипите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

ПретходноШкотска ќе не напаѓа со проверени сили
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шабан Сулиман (Башкими)