Куртоа и натаму ќе биде голман на Реал Мадрид

23

Тибо Куртоа дефинитивно и натаму ќе го гледаме во дресот на Реал Мадрид. Белгиецот според медиумите ќе потпише нов договор со „Кралевите“ со кој што ќе се обврзе на соработка до  30 јуни 2028 година.

Куртоа долго време е на Сантијаго Бернабе. И иако клубот веќе извесен период води политика на доведување на исклучително млади супер звезди во налет, на голот очигледно планира да држи искусен чувар на мрежата.

Куртоа пак со своите изведби и натаму покажува дека е на највисоко ниво, и дека нема намера да падне во втор план на било каков начин.

 

ПретходноИспишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!
Следно“Микел Артета почнува да наликува на Сер Алекс Фергусон“!