Савовски пред Португалија: Искрено верувам и очекувам победа!

63
фото: CEV.eu

Нашите одбојкари попладнево во арената „Софија“ ќе го одиграат првиот од двата клучни натпревари во групата „Б“ од кои ни зависи и пласманот меѓу 16-те најдобри во Европа. Во четвртото учество на завршницата на континенталните натпреварувања, Македонија ќе јуриша на четвртата победа во групната фаза, која ќе биде одличен предуслов да размислуваме и на второ учество во нокаут-фазата. Наш ривал е Португалија, селекција која во досегашните четири настапи во групата има еден освоен бод.

Еден од одбојкарите кои и денеска треба да биде клучна фигура во нашиот национален тим, Филип Савовски, не го крие својот оптимизам пред дуелот со Португалците.

„Искрено, верувам и очекувам победа. За да дојдеме до неа, на сите ни е јасно дека треба да ја играме нашата најдобра игра. Сервисот и блокот се два елементи во кои денеска мора да бидеме најдобри. Тоа е предуслов да се надеваме на успех“, вели средниот блокер на нашата репрезентација.

Одбојкарите утрово имаа тренинг во сала за кревање товар, по следува и финалната анализа на ривалот пред попладневната пресметка во софиската арена.

ПретходноИкарди се враќа во Италија, ама не во Интер?!
СледноКрај на сагата: Каваи се врати во Торонто