Децата на Брера во Андора бараат резултат за историја

226

Попладнево од 18 часот фудбалерите на Брера од Струмица го играат дуелот со Санта Колома во првото коло од младинската Лига на шампионите на УЕФА. Првакот на Андора го предизвикува најдобриот младински состав во Македонија во изминатата година. Струмичани од вчера се во Андора, тренираа на теренот каде денеска ќе го одмерат силите со врсниците од земјата во која се игра аматерски фудбал.

Затоа струмичани се надеваат дека денеска можат да стигнат до историски резултат (да не загубат), со што би се избориле за шанса пред реваншот кој се игра на 14 октомври во Македонија.

Она што е главен џокер за фудбалерите на Брера е тоа што тие веќе со години се меѓу најдобрите младински екипи во сите генерации во земјава а дел од играчите кои ќе настапат денеска играат и за сениорскиот состав на оваа екипа (затоа беше и одложен првенствениот меч со Работнички).

ПретходноБарселона направи потег, се чека на Рафиња
СледноВЛТ НАВИВА: Вардар против Нант, нов европски предизвик за „црвено-црните“