Екипата на Бутел Скопје дојде до првиот триумф во Супер-лигата, откако на гостувањето кај Мулти Есенс славеше со 29-31 (15-17) во натпревар од 9. коло. Ова беше и прва победа за Столе како прв тренер на „бутелци“.
Натпреварот кој беше пресметка од долниот дел од табелата мина според очекувањата, неизвесно до самиот крај, а гостите победата ја обезбедија во последните минути кога направија серија од 3-0 за 28-31.
Прв стрелец во редовите на Бутел Скопје беше Дамјан Субашевски со 8 погодоци, еден помалку имаше Лука Јовиќ, додека Чаневски запиша 13 одбрани. На другата страна Јован Петрески имаше осум гола.
После овој меч, Бутел Скопје има скор од една победа, реми и седум порази, додека пак Мулти Есенс има две ремија и седум порази.










