Од таборот на Нант: “Ја имате најлудата публика во светот!“

546

Некогашниот двоен европски првак, тимот на Вардар, вечерва во Скопје, пред своите фанови одигра сосема добро. Сепак немаше среќа во завршницата на дуелот со Нант и на крајот францускиот состав успеа да “извлече“ победа од 32:33.

Секако дека во преден план беше атмосферата која фановите на Вардар, “Комите“ ја создадоа во “Јана Сандански“ која просто ги воодушеби гостите од Франција.

Свој коментар имаше и тренерот на Нант, Грегори Кожан…

Луд натпревар, неверојатна атмосфера. Знаевме дека е тешко да се игра тука, сепак ние бевме посреќни и стигнавме до победата. За мене ова е прво гостување тука и навистина беше неверојатно“ посочи Кожан.

И Тарафета не криеше дека е воодушевен од атмосферата…

Најдобра атмосфера во светот, ја имате најлудата публика во светот. Тежок меч за нас, среќни сме што победивме“.

ПретходноЧупиќ: Ова беше навистина луд меч!
СледноАтлетико Мадрид ја декласира Осасуна