МКК Куманово со убедлива победа против Кожув

31

Кошаркарите на МКК Куманово вечерва на свој терен во последниот меч од 5.коло во елитната кошаркарска лига на Македонија славеа убедлива победа против Кожув со 91:74.

Во текот на целиот меч кумановци беа далеку подобар противник, а се чини дека победникот веќе се насетуваше уште по првата четвртина која ја добија со 31:15.

Потоа беше многу полесно, потоа беше работа само како рутински да се доведе натпреварот до победнички крај.

Гостите од Гевгелија се разбудија дури во последниот период кој го добија со 17:22, но беше доцна за било каков пресврт.

Ова за МКК Куманово е трета победа а за гостите вториот пораз.

Гуден кај победничкиот тим запиша 21 поени, а кај гостите најефикасен беше Бојчев со 22 поени.

ПретходноСудиска анализа: Пеналот за Брегалница беше оправдано досуден!
СледноСтоле блескаше, неговата Валенсија со победа кај Елче!(ВИДЕО)