Полувреме: Одлична атмосфера, Вардар падни па стани против Нант!

126

Вардар после 30. минути игра на натпреврот против Нант има еден гол негатива 15-16. Ова меч од второто коло во Лигата на шампиони, но прв за македонскиот првак на домашен терен во ова натпреварување, прв после четири години пауза. Салата „Јане Сандански“ е речиси исполнета, поддршка не недостига.

Со три одбрани на Гогов и исто толку голови, Вардар го отвори мечот (3-0). На другата страна на Нант му беа потребни цели четири минути за да ја погоди мрежата на македонскиот првак 3-2. Сепак Нант успеа да дојде до изедначување, ги најде „пукнатинитр“во одбраната на „црвено-црните“ и во осмата минута изедначи на 7-7. Гостите не застанаа успеаја да приредат целосен пресврт, со серија од 5-0, запишаа плус 4 (8-11) во 17-та минута. Во меѓувреме Чупиќ повика тајм-аут, но истиот не вроди плод, беше и 8-12.

Малус стави крај на налетот на противникот, Вардар поентираше после седум минути (9-12). И тргна „возот“, со поддршка од трибините, се врати неизвесноста, Валах влезе во серија, а „црвено-црните“ дојдоа на минус еден 11-12, не искористија напад за изедначувње. Следеше казна изразена во три гола за 11-15.

Исклучување за Нант, шанса за Вардар. Одбраната стана поцврста, а притисокот поголем, па беше 15-16 на 30 секунди до крајот. Ова е резултатот на полувремето.

ПретходноВинисиус и дефинитивно не личи на себе! (ВИДЕО)
СледноМладинска ЛШ: Браво деца – Брера со убедлива победа кај Санта Колома!