Пелистер сосема заслужено беше поразен на мега – дербито. Во првиот дел битолчани колку – толку се носеа со Вардар, ама во второто полувреме едноставно шампионот бше далеку подобар и на крајот успеа да победи убедливо со 31:23.
По мечот капитенот на Пелистер, Филип Кумзмановски имаше свој коментар:
“Мислам дека доволно време се спремавме за овој меч. Знаевме што не очекува тука. Среќен сум за тоа што имавме некои добри моменти што ги имавме, како требаше да изгледа нашата одбрана, но тоа не е доволно, потребно е цели 60 минути да играш константно добро. Мислам дека сепотребни 16 играчи за да дојде до поволен резултат на гости кај Вардар. Во овој модерен ракомет потребен е придонесот на секој играч“ посочи Кузмановски и дополни….
“Мислам дека е тешко, добрите моменти ќе ги издвоме, одиме понатаму. Првенството не е решено по само еден натпревар. Има уште многу да се игра. Честитки за Вардар, денеска домашните беа подобри, но Пелистер не го кажал последниот збор. Некои играчи на Пелистер треба да се замислат како играат“.










