На 10 дена до Швајцарија – теренот на неколку места е жолт и нема трева!

292

Очекувано беше теренот на арената „Тодор Проески“ да настрада по концертот на Давид Гета на 8 септември каде покрај трибините имаше посетители кои од теренот го следеа шоуто на познатиот ди-џеј. Пред денешната прес конференција на Арената на селекторот Гоце Седлоски имавме прилика да влеземе како новинари на стадионот и да ја видиме моменталната состојба на теренот за кој во минатото ФФМ многупати издвојуваше и плаќаше илјадници и илјадници на евра.

Скапиот хибриден терен не го „преживеа“ присуството на околу 20.000 луѓе на теренот. Од она што можеше да се види но и да се констатира од фотографиите – теренот на неколку места е пожолтен а на неколку места дури и нема треба. Во лош момент беше овој концерт. И покрај заштитната подлога, последиците се очигледни а сето тоа е на само 10 дена од дуелот на националниот тим против Швајцарија (26 септември), во новото издание од Лигата на нации.

Сепак скопската треба не е во тој степен уништена како битолската која „изгоре“ во август – исто така по одржаниот концерт на Здравко Чолиќ. Пелистер уште не може да игра дома. Штетата на теренот на скопскиот стадион и лошиот изглед на истиот се причините поради кои и ФК Вардар своите домашни натпревари ги игра на теренот на ФФМ. Така беше оној дуел со Арсими, а така ќе биде и следниов викенд против Шкендија Арачиново.

БАРЕМ СЕ УРНА РЕКОРДОТ – 50.000 ЛИЦА БЕА НА АРЕНАТА

Покрај добриот концерт и убавата забава која ја направи Давид Гета во Скопје, вреди да се напомене, а тоа никој не ни го спомна изминатиов период дека на настанот од 8 септември е урнат и рекордот на стадионот. Арената која е во вакво убаво издание од 2012 година никогаш досега немала 50.000 навивачи. Ова беше рекорд и тоа на концерт на музичка ѕвезда иако капацитетот на фудбалски натпревар изнесува 33, 011. На фудбалски натпревари и тоа со публика од околу 32.000 гледачи се дуелите против Хрватска и Србија од квалификациите за Сп 2014.

ПретходноСрбите се помирија со фактот дека Гаштаров ќе игра за Македонија
СледноМакедонија покажа зошто е на Европско: Убедлив триумф над Израел за крај и потврда на реномето