Србите се помирија со фактот дека Гаштаров ќе игра за Македонија

193

Откако периодов во фокусот на јавноста кај нашиот северен сосед влезе Матеј Гаштаров со првотимскиот статус во Црвена Звезда, автоматски се започна со приказната и за потенцијален „репрезенаттивен“ трансфер на креативецот од Македонија во Србија.

Како што е добро познато, Гаштаров е младински репрезентативец на Македонија со официјален повик за А репрезентацијата од денеска со официјализирање на списокот на селекторот Гоце Седлоски за претстојните мечеви во Лигата на Нациите.

Сепак, откако Гашттаров стана првотимец на Звезда, го доби пасошот на Србија, но со причина. За да може да биде „џокер“ У21 играч за тимот. Само, и исклучиво поради тоа и стартуваа шпекулациите за негово преселување во дресот на Србија. Еден од водечките луѓе во Фудбалскиот сојуз на Србија, Ранко Стојиќ пред десетина дена во едно интервју јавно кажа дека ќе се обидат да го преусмерат Гаштаров, но на сите тие шпекулации денеска им дојде крајот.

Селекторот Седлоски и официјално го повика Гаштаров, и објасни дека во личниот разговор со играчот на Црвена Звезда јасно е ставено до знаење за кого Гаштаров планира да игра.

Медиумите во Србија неволно ја пренесоа попладнево таа информација, очигледно сметајќи го ова за некаков си неуспех. Со кој што ќе мора да се помират очигледно.

 

ПретходноПаладино ја менува Аталанта за Болоња
СледноНа 10 дена до Швајцарија – теренот на неколку места е жолт и нема трева!