Сезоната во Светскиот рели шампионат – ВРЦ ќе заврши порано од планираното. Релито на Саудиска Арабија, кое требаше да биде последната, 14-та трка во календарот од 12 до 15 ноември, е официјално откажано поради актуелната безбедносна ситуација и неизвесноста во регионот на Блискиот Исток. ФИА потврди дека откажаната трка нема да биде заменета со друга.
Така, Релито на Сардинија од 1 до 4 октомври ќе биде последното во сезоната 2026, односно 13-та и последна рунда во шампионатот.
Откажувањето има директно влијание и врз борбата за титулата кај возачите. Елфин Еванс од Тојота води со 230 бодови, пред својот тимски колега Сами Пајари со 213, додека Оливер Солберг е трет со 209. На располагање остануваат максимум 35 бодови на Сардинија, што значи дека шампионот ќе биде познат по последното рели во сезоната.










