Официјално: Американецот Бурис е ново име во КК Кожув!(ФОТО)

49

Американецот Најџел Бурис е ново име во редовите на КК Кожув. Клубот од Гевгелија вечерва преку своите социјални мрежи објави за своето најново засилување:

КК Кожув Гевгелија со задоволство ви го преставува Најџел Бурис како ново засилување во црвено-белата фамилија!

Бурис е американски кошаркар кој настапува на позициите крилен центар/центар, висок е 201 см, а зад себе има четири години колеџ кошарка во САД, настапувајќи за Idaho, Utah State и Weber State.

Во сезоната 2025/26 за Weber State настапи на 32 натпревари, со просек од 10,3 поени и 4,9 скока по натпревар, при што постигна двоцифрен број поени на 18 натпревари.

Најџел, добредојде во Гевгелија!

Еден клуб Еден град КОЖУВ ГЕВГЕЛИЈА

ПретходноПоложани: “Среќен сум за победата, но не сум задоволен од начинот на кој дојдовме до неа“!
СледноБлагодарение на Чеферин: ФФМ неочекувано ќе добие 10 милиони долари?!