Шкендија – Башкми 2:1 и Силекс – Тиквеш 0:0 се резултатите од првите полувремиња од попладневните први мечеви од 8.коло во ПМФЛ.
Интересно, возбудливо со три гола во првото полувреме во Гостивар на мечот во Гостивар. Ндзенгуе во 17.минуфа погоди за 1:1. Потоа во 43.миунута Исмаили израмни на 1:1, за да во 45+2.минута Криезиу “стрелаше“ за 2:1, за водство на лидерот.
Разочарувачко прво полувреме во Кратово, без голови. И Силекс и Тиквеш играа да не примат гол отколку да постигнат. И двете екипи имаа по две полу – шанси за гол, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Да потсетиме дека Силекс на последните четири меча во низа, ова е петтиот, на кој нема победа.















