И дефинитивно Матеј Гаштаров е новата ѕвезда во светот на фудбалот. Македонија со него добива квалитет во средниот ред на репрезентацијата, затоа и повикот на селекторот Гоце Седлоски до играчот на Ц.Звезда.
Ново е тоа што според ЦИЕС, Македонецот во изминатиот дел од сезоната, за играчи од средниот ред и до 23 години, е на третото место според учинокот во ТОП лигите на Европа.

Неговиот перфоманс според ЦИЕС е Х1.58, доволно да биде трет. Пред него се Џивал Зишел од Феенорд, додека на второ место е Кодаи Сано од ПСВ Ајндховен. Гаштарот е пред еден Коби Маино од Манчестер Јунајтед.
Нема што, Македонија има фудбалска бисер. Сега треба Седлоски да му даде соодветна шанса на претстојните мечеви во Лигата на Нации.















