ПМФЛ: Во Кратово гостува силниот Тиквеш – има ли сила Силекс да дојде конечно до победа?!

67

Денеска од 16 часот во Кратово се игра мечот од 8.коло во ПМФЛ меѓу Силекс и Тиквеш. Не е тајна дека кратовци во досегашниот дел од сезоната се убедливо најнепријатното изненадување. На последните четири меча од можни 12 бода четата на тренерот Александар Васоски освои само еден и затоа се наоаѓа на 6.место на табелата, далеку од оние екипи кои се при врвот.

Денеска во Кратово гостува силниот Тиквеш кој досега покажа дека има моќен тим, дека знае што сака и дека на секој меч оди на победа. Кавадарчани ја победија Шкендија, одигра реми со Вардар ама играчки беа далеку подобри и со играч помалку а со Струга ТЛ минатото коло одиграа 2:2. Значи со трите најсилни екипи во лигата во во три меча во серија немаат пораз.

Тиквеш јасно е дека и денеска во Кратово ќе оди по добар резултат, па макар и на бод, но јасно е дека сега на потег е Силекс. Овој меч кратовци како знаат и умеат мора, ама баш мора да го добијат. Се друго, секој друг резултат за Силекс ќе биде лошо, многу лошо.

Па така се очекува супер интересен меч денеска во Кратово, дуел на две екипи, едната е во длабока и тешка криза додека другата во налет.

ПретходноИндира Кастратовиќ: Лидерство, победнички менталитет и шампионски дух!
СледноЕХФ ја потврди кандидатурата на Македонија, Србија и Словенија за ЕП 2034