Нов блесок на Томовски во дресот на Битигхајм

81
фото: SG BBM Bietigheim (X)

Мартин Томовски, македонскиот ракометен репрезентативен голман е во фантастична форма во моментов. Тој вечерва за својот тим Битигхајм во Бундес лигата имаше одличен натпревар со 12 забележани одбрани. Иако тимот на Хановер победи со 29:31, сепак, одбраните на Томовски се во фокусот на јавноста.

Сепак, ракометот е екипен спорт, и Томовски не можеше сам што се вели да го спаси својот состав, но сепак, статистиката вели дека тој има 30% успешност на одбраните.

Томовски во моментов е на второто место на листата на најдобрте голмани во Бундеслигата, со 53 одбрани, веднаш зад Давид Шпет од Рајн Некар Левен.

ПретходноКовентри со гостински триумф кај Нотингем Форест
СледноШампионот им се врати на победите