Селта фуриозно против Сантандер

16

Третиот по распоред дуел од денешната програма на шпанската Примера, имаше епилог во корист на домаќинот.

Тимот на Селта со високи и убедливи 5:0, го совлада тимот на Сантандер и на тој начин дојде до значајни три бода во овој дел од шампионатот.

Домаќинот поведе во 31. минута со голот на Гонзалез, за да во финишот на првиот дел, Мориба зголеми на 2:0.

Мрежите мируваа до 69. минута кога Роман постигна трет гол за домашните, за да Дуран десетина минути подоцна веќе зголеми и на 4:0. Истиот играч ги постави и конечните 5:0 во последните моменти од дуелот.

 

 

ПретходноСпектакуларно дерби на непоразените: Рома водеше со 2:0, Лаутаро го однесе Интер до 2:2
СледноКуманово само полесен тренинг за Алкалоид