Андреа Лекиќ која има богато искуство од самиот врв на светскиот ракомет е една од петте пеналистки на Првиот Женски ракометен форум, кој е прв во регионот, а главен организатор е Ракометната федерација на Македонија.
Во 2013 година беше прогласена за најдобра ракометарка во светот, истата година кога со репрезентацијата на Србија го освои сребрениот медал на Светското првенство. Со Ѓер ја освои Лигата на шампионите, а македонската публика особено ја памети од петте сезони во дресот на Вардар, со кој двапати играше во финалето на европската елита. Кариерата ја заврши во 2025 година, по речиси две децении на највисоко ниво и со повеќе од 1.000 голови во Лигата на шампионите.
Но, нејзината приказна во ракометот не заврши со последниот натпревар. Денес Лекиќ е генерален менаџер на сите женски национални селекции на Србија, со директна улога во развојот на женскиот репрезентативен ракомет.
Од септември 2026 година е избрана и во новиот Европски одбор на играчи на ЕХФ, каде што гласот и искуството на ракометарите треба директно да придонесуваат во процесите што ја обликуваат иднината на европскиот ракомет.










