Младост Богданци со плакета за РК Вардар по повод успесите и промоцијата на македонскиот ракомет

356

Екипата на РК Вардар вчера гостуваше во Богданци каде што во рамките од новото коло од Супер лигата одигра дуел против домаќинот Младост. Мечот заврши во полза на Вардар со конечни 44:34, но еден момент во врска со оваа средба вреди да се одбележи.

Домаќинот пред стартот на мечот на РК Вардар му додели плакета со која што се заблагодарува за огромниот придонес кој што „црвено – црните“ како клуб го прават за македонскиот ракомет.

Секако, ова е и тоа како голем потег, за почит, со кој што екипата на Младост Богданци ја покажува својата величина, спортски дух, и национална свет. Секоја чест за богданчани.

ПретходноЧурлинов одново стрелец за Погон (ВИДЕО)
СледноНаполи само со бод од гостувањето кај Фиорентина