Екипата на Работнички одигра нови два пријателски натпревари во рамките на подготовките за новата сезона. Тимот од Градски Парк запиша победа и пораз против српскиот клуб.
Во осмиот подготвителен натпревар, а втор против Војводина во два дена, Работнички денес стигна до победа од 77:72.
Најефикасен беше Виктор Ефремовски со 24 поени, 4 скока и 4 украдени топки. Атанасиј Трајанов забележа 11 поени и 7 скока, додека Дамјан Робев постигна 10 поени.










