Васил Ташовски продолжува со одличните настапи во српската Суперлига, а денеска постигна нов гол за Младост Лучани. Македонскиот офанзивец беше стрелец на победничкиот гол во триумфот од 2:1 на гостувањето кај Мачва во Шабац.
Ташовски погоди во 83. минута и со тоа го комплетираше пресвртот на гостите, откако Мачва водеше по првото полувреме. За 19-годишниот фудбалер ова е четврти гол сезонава во српското првенство, што е одличен учинок.










