Многу повозбудлив натпревар се одигра во СЦ „Јасмин“. ГРК Тиквеш не блескаше, но се бореше до последните минути за да дојде до посакуваниот резултат за продолжување на европскиот сон, кој за жал згасна. Кавадарчани на втората средба славеа со 32-33. За постетување првиот наатпревар го загубија со три гола разлика (30-27).
Еш повторно изненади и оди во следната рунда во ЕХФ Европскиот Куп. Гостите во поголем дел од мечот го имаа водството. Откако ГРК Тиквеш на почетокот поведоа со 1-3, противникот успеа набрзина со серија од 4-0 да дојде на плус три (7-4), а потоа и на 11-7. На одморот резултатот беше 14-12.
До почетокот на последните десет минути Еш ја имаше контролатаа на резулттот, по што ГРК Тиквеш успеа да приреди мини пресврт и да поведе со еден гол разлика, но ништо повеќе бидејќи противникот добро успеа да го издржи притисокот.










