Атлетико е ГЛАВЕН во Мадрид: Овој Реал на Мурињо не е тим за титули!

230
ФОТО:.facebook.com/AtleticodeMadrid/

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 2:1 во дербито во Ла Лига, во битката за главниот град на Шпанија. Грималдо од пенал во 53.минута и Дејвид шест минути подоцна беа стрелците за четата на Чоло за делириум на “Ванда Метрополитано“. Ридигер во 89.минута ги постави конечните 2:1.

Ако во првиот дел речиси и да не видовме ништо, во продолжение експлозија на теренот на “Ванда“.

Се започна со фаулот на Хујсен врз Симеоне за пенал, но и за црвен картон за дефанзивецот на Реал. Грималдо сигурен, а само шест минути подоцна Дејвид зголемува на 2:0.

На теренот постоеше само еден меч, домашниот. Шанси, зицери, но немаше трет гол.

И во 89.минута нововлезениот Рудигер срелаше за ублажување на поразот.

Пораз со кој сега Барса му бега на Реал цели 6 бодови, втор е Атлетико кој е на -5 во однос на каталонците по ова 7.коло.

Сега веќе е јасно дека овој Реал на Мурињо тешко дека оваа сезона ќе дојде до некоја титула.

ПретходноСкандалозно: Поради оваа прослава се бара исфрлање на Џексон од фудбалот!(ВИДЕО)
СледноУште една добра партија на Нено во дресот на Арис