БИЗАРНО: Поранешен англиски репрезентативец прегазен од валјак! (ВИДЕО)

91

Поранешниот англиски репрезентативец и некогашен фудбалер на Тотенхем, Андрос Таунсенд, доживеа бизарна незгода за време на загревањето на полувремето од натпреварот меѓу Прачуап и Патани.

Таунсенд се загревал со соиграчите, кога излегол од просторот предвиден за загревање за да се обиде да му ја додаде топката на еден од нив. Меѓутоа, не забележал дека зад него се приближува моторен валјак за одржување на теренот, управуван од работник на стадионот.

Валјакот удрил во 35-годишниот фудбалер и го соборил на земја, а потоа продолжил преку неговите нозе, речиси до половината.

Возачот веднаш излегол од возилото и се обидел да го подигне валјакот за да го ослободи Таунсенд.

За среќа, Англичанецот успеал да стане и да продолжи со загревањето.

Уште поневеројатно, Таунсенд на крајот се најде и на теренот. Влезе во игра како замена во финишот на натпреварот, кој Прачуап го доби со 3:0.

По натпреварот, Таунсенд се огласи на Инстаграм и низ шега ја прокоментира целата ситуација.

„Излезе дека гостувањето кај Стоук и не било толку лошо“, напиша поранешниот фудбалер на Тотенхем, шегувајќи се на своја сметка.

Поранешниот англиски репрезентативец Андрос Таунсенд доживеа бизарна незгода за време на загревањето на полувремето од натпреварот во тајландската лига меѓу Прачуап и Патани, кога во него удрил моторен валјак за одржување на теренот и му поминал преку нозете речиси до половината.

ПретходноСе огласи ОФС Кочани: Ниту еден притисок нема да го спречат Андов да поставува прашања од јавен интерес
СледноДе Зерби: Не можеме да дозволиме толку евтини голови