И денеска нашите репрезентативци продолжија со подготовките за саботниот меч од Лигата на Нации против Швајцарија. Селекторот Гоце Седлоски го комплетираше составот, го нема само Дарко Чурлинов од познати причини.
Јасно е дека новите имиња, дебитантите сакаат да се наметнат кај Седлоски и затоа е жестоко на тренинзите. Секој сакај да заигра во дресот на репрезентацијата на Македонија во сабота на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје и затоа се вака жестоки дуелите.
Нека биде така и во сабота, нека биде голема борба против силната селекција на Швајцарија.










