Македонска химна во Италија: Блажевски го освои првото место на Европскиот Рено Куп (ВИДЕО)

40

Младиот македонски автомобилист Марко Блажевски оствари одличен спортски успех со освојувањето на првото место на престижниот европски куп „Renault Cup“.

Натпреварувањата се одржаа во Италија, каде Блажевски со своите одлични возачки вештини успеа да ја надмине силната конкуренција. Неговата победа беше крунисана со интонирање на македонската химна на победничкиот пиедестал, што предизвика големи емоции.

Со оваа победа, на 3 трки пред крајот, Блажевски има над 30 бодови предност во генералниот пласман на Европскиот Renault Cup!

Ова историско остварување претставува огромна гордост за македонскиот спорт и автомобилизам на меѓународна сцена.

ПретходноШвајцарија во Скопје со ново „супер-дуо“ во нападот
СледноФеномен: Карпата на која се сликаше Салах стана туристичка атракција во Турција