МЗТ Скопје Аеродром го дозна распоредот на натпреварите во групната фаза на ФИБА Европа купот за сезоната 2026/27. Македонскиот шампион е во групата Е, заедно со Ираклис, Тарту, Вурцбург, АЕЛ Ларнака и Џики Варшава.
„Штрковите“ европската сезона ќе ја отворат на 7 октомври со гостување кај грчки Ираклис во Солун. Првиот домашен натпревар е на 14 октомври против естонски Тарту. Во третото коло, на 20 октомври, МЗТ ќе гостува кај германски Вурцбург, додека во четвртото коло следува гостување кај АЕЛ Ларнака. Потоа следува домашен натпревар против полската Џики Варшава, со што ќе биде комплетиран првиот круг од натпреварите во групата.
Европската сезона за МЗТ доаѓа веднаш по стартот на домашните и регионалните обврски, па „металците“ ќе имаат густ распоред во првите месеци од сезоната.










