Сара Митевска избори осминафинале на ЕП во Парма

41

Македонската тенисерка Сара Митевска успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години што се игра во Парма. Таа денеска во мечот од третото коло ја победи унгарската тенисерка Емесе Серкеди со 2-1 во сетови.

Сара го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а следниот и припадна на ривалката со 6:4 со што беше изедначен резултатот. Во решавачкиот сет Митевска одигра одлично и без изгубен гем го освои сетот со 6:0 во гемови.

Таа утре во осминафиналето ќе игра против првата носителка Марија Валентина Поп од Романија.

Инаку, Митевска е репрезентативка на Македонија во БЏК купот, а имаше и настап на Медитеранските игри во Таранто.

Во машка конкуренција денеска настапи и Марко Алексовски, кој беше совлада со 2-0 во сетови (63 61) од Матс Хуте од Холандија.

ПретходноАртета и Арсенал ставија крај на шпекулациите!
СледноРеал Мадрид ги откри деталите за повредата на Валверде