Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ ја отвора новaта сезона

55

Новата натпреварувачка сезона во македонската кошарка официјално ќе биде отворена со натпреварот за Суперкупот на Македонија „Драган Василов – Цевка“.

Натпреварот е закажан за сабота, 26 септември 2026 година, со почеток во 18:00 часот, а ќе се одигра во Спортската сала во Куманово.

Натпреварот ќе има и директен телевизиски пренос на Македонската радио-телевизија.

Согласно системот на натпреварување, во Суперкупот се среќаваат шампионот на највисокото сениорско првенство и освојувачот на Купот на Македонија.

Бидејќи МЗТ Скопје Аеродром во сезоната 2025/2026 ги освои и шампионската титула и Купот на Македонија, противник на актуелниот шампион во Суперкупот ќе биде МКК Куманово, финалистот во Купот на Македонија.

Така, за првиот трофеј во новата сезона ќе се борат:

МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

Суперкупот „Драган Василов – Цевка“ воедно ќе биде и прва официјална пресметка во новата сезона, со што и официјално ќе започне новото поглавје во македонската клупска кошарка.

ПретходноОд олимписките терени до улога зад репрезентацијата – Лидија Хорват
СледноАлкалоид, Охрид и Бутел ги добија ривалите во ЕХФ Европскиот куп